четвртак, 20. децембар 2007.


Поп - пејачките Ева Нединковска и Андријана Јаневска снимија дует песна и спот по примерот на светските музички sвезди Бијонсе и Шакира, односно Витни Хјустон и Мараја Кери. Песната се вика "Тивка ноќ" и е сместена на албумот на Ева, "Талисман". Дует песната е авторско дело на Гаро Тавитјан Јуниор, кој е композитор и аранжер , а текстот е на Ева. Во оваа песна, која е нежна и силна балада која ја слави на љубовта, Андријана го изведува солото на виолина. Спотот кој го работи Томато продукција е ексклузивен по многу нешта. Прво изгледот на Ева и Андријана, кои за прв пат ќе се видат во едно поинакво светло, но и доминацијата на луксузен и висококвалитетен накит, како што се чешките кристали специјално донесени за спотот. Во спотот се користени најновиот модел на камера, досега неупотребуван кај нас, но и специјално изработената подвижна ротирачка сцена на која пеат Ева и Андријана наизменично додека таа се врти.Спотот е во издание на Парамециум Продукција.

SPIRS


16 годишната сестра на Бритни Спирс која глуми ученичка во популарното ТВ шоу Зое 101 е бремена. Одлуката на Џејми Лин Спирс е самата да превеземе одговорност во оваа чувствителна ситуација. Ова е тешко време за неа и за нејзиното семејство. Таа и во приватниот живот е ученичка во средна школа во Луизијана каде што живее. Таткото на детето Кеси Алдриџ го сретнала во црква и е син на еден производител на хартија во Тенеси. Личниот претставник за јавноста на Џејми Лин сеуште на дал изјава. Нејзината постара сестра Бритни Спирс нема да може многу да и помогне околу мајчинството. Таа го изгуби старателството над своите синови и затоа не може да ја посоветува Џејми Лин како да биде добар родител. Уште еден доказ дека